ноември 22, 2024

Австрија бара забрзување на процесот на прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ

Австрија инсистира на забрзување на процесот на пристапување на земјите од Западниот Балкан во ЕУ, со цел да се обезбеди стабилност на регионот и негова заштита од странско влијание, порача австриската министерка за одбрана Клаудија Танер.

„Забрзувањето на пристапните преговори со земјите од Западен Балкан е јасен приоритет за мене пред да зборуваме за други можни членства“, изјави Танер за време на посетата на Босна и Херцеговина.

Според неа, во услови на кризи во светот ЕУ не смее да го изгуби од вид своето непосредно соседство.

„Западниот Балкан, а особено Босна и Херцеговина, се важен партнер за Австрија кога станува збор за натамошната стабилност, регионалната соработка и европската интеграција на овој регион“, додаде Танер.

Read Previous

Телото на 14-годишната Вања е предадено на семејството, обдукцијата е завршена

Read Next

МВР демантира дека во Карбинци имало обид за киднапирање