ноември 22, 2024

Телото на 14-годишната Вања е предадено на семејството, обдукцијата е завршена

Обдукцијата врз телото на 14-годишната Вања Ѓорчевска во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје е завршена во текот на вчерашниот ден и телото е предадено на семејството, потврдуваат за МКД.мк извори од истрагата.
Анализите по извршената обдукција која треба да ги утврди причините за насилната смрт, времето кога девојчето починало… се во тек и откако целосно ќе завршат, ќе биде изготвен обдукционен извештај кој со сите комплетни податоци и анализи ќе биде предаден на Основното јавно обвинителство Скопје. Овој извештај ќе биде дел од клучните докази во истрагата за овој грозоморен настан.

Read Previous

Силен земјотрес во Истанбул, нема информации за повредени и за материјална штета

Read Next

Австрија бара забрзување на процесот на прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ