ноември 23, 2024

Германија воведува олеснувања за работа за странци

Од овој месец во Германија стапуваат на сила измените на законот за имиграција на квалификувани работници, јавуваат германските медиуми.

Од ноември ќе се прошири кругот на квалификувани работници кои можат полесно да дојдат да работат во Германија. Патот до „Сината карта на ЕУ“ ќе биде полесен за висококвалификуваните академици, магистри и оние со специјализирани академски дипломи.

Како ќе функционира одењето во Германија?

Германија воведува „картичка за можности“ или „Chancenkarte“. Таа картичка ќе функционира по бодовен систем и на овој начин ќе може да се вработат работници кои имаат одредени посебни вештини. Ќе се земат предвид квалификациите, работното искуство, познавање на германски јазик, врските со Германија како членови на семејството кои живеат таму, како и возраста. Секоја година ќе има одредени квоти, кои ќе зависат од индустриите во кои се потребни работници.

Кој планира да оди во Германија ќе треба да исполни три од четирите услови за „картичката за можност“. Условите се потенцијалниот работник да има диплома или стручно оспособување од областа во која сака да работи, тригодишно искуство, познавање на германски јазик или претходен престој во државата, додека последен услов е работникот да не повеќе од 35 години.

Она што е веројатно најважно за големиот број работници е фактот што благодарение на оваа реформа ќе им биде полесно на работниците со средно образование или искуство во одредена област да се вработат во Германија, без разлика дали имаат завршено високо образование. Исто така, Германија, за разлика од досегашната строга практика, ќе го признае работното искуство и професионалните квалификации кои работникот ги стекнал во својата татковина.

Read Previous

Вонредни парламентарни избори во Србија на 17 декември

Read Next

Од денеска лицата над 65 години може дома да се вакцинираат против грип и ковид-19, тимовите ќе вакцинираат и деца кои пропуштиле да се имунизираат