ноември 22, 2024

Вонредни парламентарни избори во Србија на 17 декември

За Србија е многу важно да ги зачува мирот, стабилноста и внатрешната кохезија и да демонстрира демократија, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ, откако денеска со указ го распушти Народното собрание и распиша вонредни парламентарни избори за 17 декември, објави Радио-телевизија Србија (РТС).

Го потпиша указот за распуштање на Народното собрание, кој стапува во сила со објавување во тамошниот „Службен весник“, а на граѓаните им посака среќни избори.

„Живееме во времиња кои се тешки за целиот свет. Во време на војни, сите треба да бидеме обединети за да ги зачуваме виталните интереси, во време кога ќе бидеме под притисок поради Косово и други прашања. Србија треба да ја зачува внатрешната кохезија“, изјави Вучиќ.

Read Previous

Синдикатот на полицијата во Македонија поднесе кривична пријава против МВР и одговорни лица

Read Next

Германија воведува олеснувања за работа за странци