ноември 22, 2024

Откако добија четворка, градоначалникот на Штип на семејството Зикови понуди плац и бесплатна градинка

Еднократна парична помош од 40.000 денари, од страна на градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов ќе биде префрлено на сметка на Благица и Александар Зикови, кои станаа родители на штипска четворка. Јорданов вели дека разговарал со Александар, таткото на Михаил, Теодор, Ведран и Леонтина и за она што како општина може да им се помогне.

-Помеѓу она, што ние како што општина може да им го понудиме како помош е да добијат плац за изградба на куќа, со бесплатни комуналии за градба, како и бесплатна градинка за четирите деца. Тоа е во рамките на нашите надлежности, вели Јорданов.

Штипскиот градоначалник очекува одговор во текот на наредниот период што е прифатливо за семејството Зикови, кои се родители на четири деца, а се родија на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје. 

Read Previous

Белингем е вториот играч во историјата на Реал кој постигнал гол на секој од првите три натпревари во ЛШ

Read Next

Маричиќ: Преговорите со ЕУ го прават квалитетно и безбедно македонското рибарство