ноември 22, 2024

Белингем е вториот играч во историјата на Реал кој постигнал гол на секој од првите три натпревари во ЛШ

Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингем, стана вториот играч во историјата на „Кралскиот клуб“ кој постигнал гол на секој од нивните први три натпревари во Лигата на шампионите.

Белингем вчеравечер постигна гол против Брага (2:1) во натпреварот од 3. коло на групната фаза во елитното натпреварување.

Во првите две кола, 20-годишниот Англичанец се запиша во листата на стрелците на натпреварите со Унион Берлин (1:0) и Наполи (3:2).

Претходно, само Кристијан Карембеу постигна гол на секој од првите три натпревари на Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Тој го направи тоа во 1998 година.

Белингем во летниот преоден рок се пресели во Реал Мадрид од Борусија Дортмунд. Одигра 12 натпревари, постигна 11 гола и три асистенции.

Read Previous

Прилепските пензионери протестираат со блокада на улици

Read Next

Откако добија четворка, градоначалникот на Штип на семејството Зикови понуди плац и бесплатна градинка