ноември 24, 2024

Џо Бајден објави кандидатура за втор мандат

Американскиот претседател Џо Бајден најави дека повторно ќе се кандидира на претседателските избори во 2024 година. Тој ова го соопшти преку промотивно видео.

Во триминутното видео, Бајден, 46-тиот претседател на САД, вели дека правото на абортус, заштитата на демократијата, гласачките права и социјалната сигурност ќе бидат главните прашања за време на претседателската трка во 2024 година. Тој рече дека гласачите ќе се соочат со избор меѓу тоа дали новата генерација ќе има „повеќе или помалку слобода“ и „повеќе или помалку права. Слоганот за изборите во 2024 година ќе гласи: „Да ја завршиме работата докрај“.

„Секоја генерација Американци се соочи со моментот кога мора да ја брани демократијата, да застане во одбрана на своите лични права, да застане во одбрана на гласачките права и граѓанските права. Ова е нашиот момент. Слободата, личната слобода, е од суштинско значење за нас Американците. Нема ништо поважно, ништо посвето“, рече Бајден.

Покрај Бајден, во Демократската партија  своја кандидатура за претседателските избори во 2024 година објавија уште двајца други кандидати. Мериен Вилијамсон, писателка и Роберт Ф. Кенеди помладиот – внук на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди. Во Републиканската партија, покрај Трамп, три други политичари ја објавија својата кандидатура. Ники Хејли, поранешна гувернерка на Јужна Каролина и амбасадорка на САД во ОН за време на претседателствувањето на Трамп, мултимилионерот Вивек Рамасвами и поранешниот гувернер на Арканзас, Аса Хачинсон. Во Републиканската партија се очекува да и се придружат поранешниот потпретседател Мајк Пенс, гувернерот на Флорида Рон Десантис и сенаторот Тим Скот.

Алсат

Read Previous

Антикорупциска ќе отвори предмет за куќата на мајката на сопругата на претседателот на ДИК на Халкидики

Read Next

Мицкоски: Потребни беа 200 милиони евра од државата за ЕЛЕМ да ја помине грејната сезона