ноември 24, 2024

Антикорупциска ќе отвори предмет за куќата на мајката на сопругата на претседателот на ДИК на Халкидики

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе отвори предмет за куќата на мајката на сопругата на претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, купена пред половина година во местото Елани на Халкидики, потврдуваат од ДКСК за МИА.

Од таму нагласуваат дека  можност да го проверат случајот има дава членот 96 од Законот за спречување на корупцијата.

Порталот „360 степени“ вчера објави дека куќа во местото Елани, на првиот крак на Халкидики, во Грција, од пред половина година се води на име на мајката на сопругата на претседателот на ДИК, Даштевски. Според порталот, 75-годишната пензионерка од Куманово го ополномоштила зетот Даштевски да ја води и да ја заокружи купопродажбата на куќата од 111 квадратни метри чија официјалната вредност наведена во нотарските акти е 110.000 евра.

Александар Даштевски беше избран за претседател на Државната изборна комисија во јануари 2021 година.

Read Previous

Министерството за економија објави Јавен оглас за надоместување на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски електроцентрали за домаќинства

Read Next

Џо Бајден објави кандидатура за втор мандат