ноември 23, 2024

Претседавачот со ОБСЕ Османи ќе ја отвори 23-та Конференција на Алијансата за борба против трговијата со луѓе

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе има воведно видео-обраќање на 23-та Конференција на Алијансата за борба против трговијата со луѓе насловена „Национално лидерство за ставање крај на трговијата со луѓе“.

Во фокусот на Конференцијата, како што соопшти МНР, ќе биде презентирање на природата и обемот на проблемот со човечката експлоатација и зошто е неопходно силно лидерство за да се надминат предизвиците.

Османи ќе се осврне на приоритетите на Претседателството на Северна Македонија за справување со трговијата со луѓе, проблем кој и покрај сè, е меѓу најраспространетите прекршувања на човековите права низ регионот на ОБСЕ.

-Дискусијата на Конференцијата ќе има за цел да ги истакне позитивните примери на лидерство против трговијата со луѓе во регионот на ОБСЕ, вклучително и преку опремување на државите со потребните структури и закони за ефикасна борба против овој вид на криминална активност, се наведува во соопштението.

Препораките од Конференцијата, пак, ќе бидат потврда за посветеноста за искоренување на трговијата со луѓе и патоказ за спроведување на Акцискиот план на ОБСЕ во следните 20 години

Read Previous

Тајвански „Јагео“ влегува во Македонија, најголема гринфилд инвестиција од осамостојувањето

Read Next

Пожарникарите од Северна Македонија добија “Обука за пожарникарство на напредно ниво”