ноември 23, 2024

Пожарникарите од Северна Македонија добија “Обука за пожарникарство на напредно ниво”

Организирана е обука од страна на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Противпожарна бригада на општина Конја, каде што пожарникарите од Северна Македонија добија `Обука за пожарникарство на напредно ниво`

Како дел од `Програмата за обука за одговор при итни случаи и катастрофи (ADAMEP)` спроведена од страна на ТИКА, во периодот од 12 до 16 септември 2022 година во Центарот за обука на противпожарната бригада во Конја (KITEM) се одржа `Обука за пожарникарство на напредно ниво` за 10 пожарникари од Северна Македонија. Во рамките на програмата беа одржани напредни теоретски и практични обуки за одговор на пожар и сообраќајни незгоди, пребарување и спасување, прва помош и заштита при работа. Учесниците кои ја завршија својата обука исто така изведоа вежба под надзор на стручни тренери.

Успешниот тим доби сертификат

На пожарникарите кои успешно ја завршија програмата им беа доделени сертификати. На церемонијата на доделување на сертификкатите присуствуваше Угур Танјели – раководител на Одделот за надворешни односи и партнерства на ТИКА, Џевдет Ишбитириџи – раководител на противпожарната бригада на општина Конја, претставници на јавни, приватни и невладини организации во Конја и универзитетски професори. Зборувајќи во име на пожарникарите од Северна Македонија, Здравко Милевски истакна дека обуката е крајно продуктивна и успешна. Милевски пренесе голема благодарност до ТИКА и и до Општина Конја за сетата поддршката.

Раководителот на пожарникарската служба на општина Конја Ишбитириџи, истакна дека програмата има огромен допринос за сите страни кои што се вклучени.

Реализирана е обука за вкупно 258 пожарникари

Раководителот на Одделот за надворешни односи и партнерства при ТИКА Угур Танјели, изјави дека во успешна соработка со Општина Конја и во рамките на ADAMEP,  Турција продолжува да ги споделува искуствата со своите пријателски и братски земји и истакна дека во рамките на истата организација во 6 земји организирано е основна обука за гасење пожар и напредна обука за гасење пожар во 4 земји.

Потврдувајки дека досега се обучени 258 пожарникари, Танјели рече дека ќе продолжи теоретската и практичната обука со теми услови на катастрофи и итни случаи како  за различни професионални групи во рамките на АДАМЕП, чија цел е да го зголеми капацитетот на човечки ресурси на земјите со кои се соработува.

Read Previous

Претседавачот со ОБСЕ Османи ќе ја отвори 23-та Конференција на Алијансата за борба против трговијата со луѓе

Read Next

Османи повика на лидерство во регионот на ОБСЕ во борбата против трговијата со луѓе