СДС била и ќе остане салонска партија, без разлика колку и да се залажуваат со лажни теренски активности, се вели во соопштението до јавноста на ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на прес конференцијата на Димитар Ковачевски.
Кога ќе излезат на терен нека отидат и кај фабриката за електрични автомобили која ја нема, затоа што 8 месеци откако фрлаа лопати за камен темелник, нема ниту фабрика, ниту темели.
Екипите на СДС може да отидат и пред таблата од Коридор 8, каде ветија почеток на работни активности, а таму нема ниту една машина.
Единствено што има се инвестициите на роднините на функционерите.
Ковачевски може да ги испрати екипите од СДС на парцелата каде што фирмата на неговата сопруга ќе гради фотоволтаична централа на државно земјиште кое го добила со потпис на Артан Груби.
Од СДС можат да отидат и пред дуќанот на братот на Артан Груби Ветон Груби, на улица „Македонија“, купен за 700 евра за м2. Или пак кај хотелот на Шапка купен за цена на гарсониера.
Со самото тоа што Ковачевски сака да покаже некакво единство во СДС се потврдува дека тоа единство го нема.
Ковачевски знае дека нема поддршка кај народот, затоа мора да фингира со квази теренски акции.
Сите економски мерки со кои се фали Ковачевски се анулираат со само 1% инфлација, а која се расте секојдневно, а минатата година беше речиси 20%.
Народот со Ковачевски и СДС целосно осиромаши. На народот не му требаат лагите на Ковачевски, туку промени и подобра иднина, која со СДС не е можна, стои во партиското соопштение.