Влаховиќ може да ја продолжи кариерата во Арсенал

Напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ може да ја продолжи кариерата во Арсенал. Според „Дејли Mирор“, 23-годишниот cрбин е подготвен да размислува за преселба во лондонскиот клуб ова лето. Тренерот на „топчиите“ Микел Артета сакаше да го добие играчот минатата година, но тогаш фудбалерот ја одби понудата.

Влаховиќ е во Јувентус од јануари 2022 година. Во тековната сезона постигна 11 гола и четири асистенции на 30 натпревари во сите натпреварувања.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на напаѓачот на 75 милиони евра./MIA

Read Previous

Тачи: Очекувам ослободување од сите обвиненија

Read Next

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ќе биде поразена на купче од народот поради криминалот и поразите