ноември 24, 2024

АД ЕСМ: РЕК Осломеј плански исклучен од мрежа

После еден месец непрекината работа, утрово од електроенергетскиот систем е исклучен РЕК Осломеј, информираат од АД Електрани на Северна Македонија.

Исклучување на РЕК Осломеј, како што информираат од АД ЕСМ е со цел да се интервенира на неколку позиции во термоицентралата, а благодарение на поволните временски услови и добрата кондиција во која се наоѓаат производствените капацитети на АД ЕСМ, особено РЕК Битола.

– Во следните неколку недели во РЕК Осломеј планирани се активности за санација на млинови, на кондензатор, издувни канали. Останува отворена и можноста за брзо ставање во функција на термоцентралата во зависност од потребите на електроенергетскиот систем на државата, се вели во соопштението од АД ЕСМ.

Во меѓувреме, со работа продолжуваат сите останати капацитети на АД ЕСМ со цел до крајот на грејната сезона да се обезбедат сите потребни количини на електрична енергија исклучиво од домашно производство.

Read Previous

Грковска: Родовата еднаквост е основен принцип на демократијата

Read Next

Спасовски: Дојавите за бомби доаѓаат од адреси од Иран и Русија, МВР ќе постапува според новите упатства