ноември 23, 2024

Спортски ден за основците од Охрид и Дебрца

По повод 142 години од раѓањето на македонскиот револуционер Тодор Александров денеска во организација на Основното училиште „Живко Чинго“ и Сојузот за училишен спорт, во охридското село Велгошти се одржува „Спортски ден“ за учениците од основните училишта од Охрид и Дебрца.

Како што беше истакнато на отворањето на манифестациајта, охридската локална самоуправа секогаш ќе биде подготвена да ги поддржи ваквите манифестации, кои значат правилен психо-физички и социјален развој на децата.

– Со спортската игра и натпреварувањето децата ќе имаат можност да научат како да не се возгордеат во победата, но и да не се разорачуваат во поразот. Спортот ќе ги научи дека постојаноста и посветеноста се најважни, а тие карактеристики ќе им помогнат така да се однесуваат и во сите други области од нивниот живот, рече советникот Наум Јамандиев.

Во рамки на „Спортскиот ден“ ќе се одржат натпреварувања во фудбал за ученици од шесто и седмо одделение, кошарка за ученици од осмо и девето одделение, шах за ученици од прво до девето одделение и пинг-понг за ученици од шесто до девето одделение.

Постигнатите резултати ќе бидат вреднувани во рамките на училишните спортски игри.

КУРИР

Read Previous

Жена тешко повредена откако ја удрил автомобил, возачот избегал

Read Next

Беcплатна градинка за дењчињата од социјално загрозени семејства во Аеродром