ноември 25, 2024

Беcплатна градинка за дењчињата од социјално загрозени семејства во Аеродром

Општина Аеродром се грижи за најмлади и ги поддржува социјално загрозените семејства. Во таа насока продолжуваме со различни економски и финансиски мерки да ги поддржуваме семејствата кои се најпогодени од финансиската криза.

На седницата на Советот на општина Аеродром која се одржа минатата недела, беше донесена одлука за ослободување од плаќање месечен надомест за престој на децата во градинка за социјално загрозените родители чии деца посетуваат градинка на територијата на Општина Аеродром.

Градоначалникот Муцунски на својата фејсбук страна ги повика граѓаните да стапат во контакт со надлежните во градинката или општинските служби, во насока на доставување на потребната документација и остварување на ова право и потенцираш дека Оваа мерка е уште една во низата политики за помош на семејствата.

„Минатата година, беа укинати сите дополнителни трошоци кои родителите ги одвојуваа за хигиенскиот пакет, како и наставно-образовните материјали за работа по групи во градинките. Продолжуваме со креирање на мерки и носење одлуки кои ќе го поддржат развојот на најмладите, но ќе значат и поддршка на семејствата кои се соочуваат со економски и социјални проблеми.“, нагласи твој во фејсбук објавата.

МАКПРЕСС

Read Previous

Спортски ден за основците од Охрид и Дебрца

Read Next

Бајден бил опериран од рак на кожа, канцерогеното тело е успешно отстрането