– Девојчето Хаџер Качмаз во округот Бесни го спаси четиричлена противпожарна екипа од северната турска област Кастамону
Шестгодишно девојче денеска е спасено од под урнатините во турската област Адијаман, 47 часа откако два разорни земјотреси ги потресоа јужните делови на Туркије, известува „Анадолу“.
Три часа претходно, истата екипа ја извлече Рукије Качмаз, мајката на девојчето од под урнатините на срушената зграда.
Девојчето кое им е предадено на лекарските екипи, упатено е на лекување во болница.
„Заклучно со 10:35 часот по локално време, најмалку 7.108 лица загинаа, а 40.910 се повредени од разорувањата што ги предизвикаа два силни земјотреси кои во понеделникот ги потресоа јужните региони на Туркије“, потврди Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
– Разорни земјотреси кои ја потресоа Туркије на 6 февруари
Два силни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш.
И турските области Газиантеп, Шанлиурфа, Дијарбакир, Адана, Адијаман, Малатја, Османие, Хатај и Килис се тешко погодени од земјотресите. Во текот на денот имаше и голем број последователни потреси со помал интензитет.
Туркије прогласи седумдневна жалост поради разорните земјотреси што ја потресоа земјата.
AA