ноември 23, 2024

Netflix откри како ќе спречува споделување кориснички лозинки

Популарниот сервис за стриминг претходно најави дека има намера да спречи споделување на профили, односно лозинки надвор од домаќинството и со тоа да стави крај на практиката која ги прекршува правилата за користење на платформата и негативно влијае на приходите, а сега се знае како има намера да направи го ова.

Netflix го ажурираше својот Help Center (центар за помош на корисници) за да наведе дека може да се споделуваат само оние профили во исто домаќинство. За да се осигура дека уредите се поврзани со примарната локација, Netflix ќе бара од корисниците да се поврзат на Wi-Fi на секој 31 ден.

Деталите ги собра The Streamable, кој откри дека корисниците кои користат Netflix „бесплатно“ можат да ја префрлат својата историја на профилот на нова сметка без да ги загубат своите преференци и лични податоци.

Во случај на користење на Netflix додека патувате, корисникот ќе треба да побара привремен код за најава за да добие пристап до профилот во период од 7 дена.

Интересно е тоа што овие детали не се достапни за пристап на пазарите надвор од САД и Канада, што значи дека Netflix можеби ја објавува оваа промена само за северноамериканскиот регион во овој момент.

Read Previous

Три возила се судрија на Стража: Комбе е превртено, возач е повреден

Read Next

Халили: Треба да се разговара со Бугарите, кои имаат македонско државјанство и да се слушнат нивните маки