„Ние не треба да мислиме дека сите паметни луѓе треба да ги најдеме во Бугарија. Ова е нивна класична грешка и класична недозволива метода на третирање на овој проблем. Нашата кривица е во тоа што ние не сме седнале со водачите на тие клубови и како наши државјани, граѓани, да ги третираме нивните проблеми. Проблемот на нивната интеграција во македонското општество треба да биде преку взаемен дијалог“, изјави Мухамед Халили, претседател на Советот на амбасадори, запрашан за тоа како гледа на случајот со претепаниот секретар на бугарскиот клуб Христијан Пандиков во интервју за Макфакс.
Според него, треба да се разговара со Бугарите кои имаат македонско државјанство и да се слушнат нивните маки.