ноември 23, 2024

Фабриката за електрични автомобили во Тетово, вози во рикверц!

Кај ветената фабрика за производство на електрични автомобили во Тетово веќе пет месеци остана само камен-темелникот, објави Алсат.

Иако беше планирано во рок од осум недели да почнат работите за нејзина изградба, од 13 август освен лопатите на претседателот на Собранието, премиерот, министрите, директорите и партиските лидери, на парцелата за „Е-Go“ во технолошко-индустриската развојна зона во Тетово нема други машини.

Иако трипати беа прекршени роковите за старт на изградбата, од Дирекцијата за ТИРЗ и натаму тврдат дека сè се одвива според планот и оти наскоро ќе почне изградбата на фабриката. Велат дека ангажирале надворешни ревизори за да ја следат динамиката.

Целата вест на Алсат

Read Previous

Средба меѓу Груби и Гир за процесот на интеграциите на земјава во ЕУ

Read Next

Арсовски: Читам кај Ковачевски и не ми се верува, изградиле 1300 километри патишта, намалете малку со лажниот популизам