Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски преку социјалните мрежи го коментираше видеото кое премиерот Ковачевски го објави и со кое порачува дека за 5 години изградиле 1300 километри патишта. Арсовски вели ова е лажен и нереален популизам.3
Еве што вели друго тој:
Вели, изградиле 1.300 километри патишта за 5 години. И пак не можам да поверувам. Сум гледал како сите негови претходници лажат, ама ова е нереално и срамота. Зошто?
Многу едноставно се разобличува оваа лага.
Скопје – ГП Деве Баир -> 107 км
Скопје – ГП Богородица -> 154 км
Скопје – ГП Св. Наум -> 200 км
Скопје – ГП Ново Село -> 157 км
Велес – Делчево -> 116 км
Кавадарци – ГП Ќафасан -> 183 км
Куманово – Свети Николе -> 41 км
Свети Николе – Кочани -> 51 км
Штип – Страцин -> 80 км
Делчево – ГП Стар Дојран -> 131 км
Кичево – ГП Меџитлија -> 85 км
Кичево – Прилеп -> 67 км
Патната инфраструктура во Република Македонија што ја испишав погоре изнесува околу 1.500 километри.
Од погоре наведените патни правци СДСМ и оваа Влада нема ништо направено. Ама баш ништо. Ниту 20% од сето ова, а не пак од целокупната патна инфраструктура во Македонија.
Да не заборавиме дека ниту автопатот Кичево – Охрид не е направен, ниту патот до ГП Блаце, ниту пак е завршена реконструкцијата на 3те километри кај Катланово, која трае со години.
Ковачевски лаже повеќе и од Заев. Тоа е проблем и на човекот, на неговиот ПР тим, но и е матрица на СДСМ.
Запрашајте се дали сите Вие што возите по овие делници, возите по нови патишта изминативе 5 години.
Затоа, намалете со овој лажен и нереален популизам и побрзо заминувајте си од власт.
Граѓаните заборавија дека постои човек кој се вика Бочварски, а Ковачевски се фали со бројки извадени од ракав.
Смешни сте и жални.
https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fdimsa.arsovski%2Fposts%2Fpfbid02XqqfEg3qTGb4ykjMPueTqrdY92VK11KTDpHaaEQXYtPEPjcG5rQnfE1RNWoDJWfil&show_text=true&width=500