ноември 24, 2024

Уапсениот во Бугарија британски терорист Деjвид Бодил предизвика бурни дебати во бугарскиот Парламент

Случајот со британскиот државјанин Дејвид Бодил уапсен од бугарската полиција поради црвена потерница од Интерпол влезе и во бугарскиот Парламент. Партијата ГЕРБ излезе со специјална декларација по повод случајот и по повод информациите дека Бодил кој е баран како терорист добил помош од пратеничката во бугарското Собрание Албена Симеонова, пренесува Трибуна.

Бодил избегал во Бугарија и е уапсен во селото Љубеново од страна на бугарската полиција. Во истото село фарма за органска храна имала и пратеничката Симеонова. Таа пред Бугарската национална телевизија изјави дека куќата во којашто се наоѓал Бодил припаѓа на неговите баба и дедо и не била во близина на нејзината фарма.

,,Момчето има негова куќа, живее на другиот крај од селото. Немам ништо општо со него освен тоа што сум му помогнала да пушти струја и вода во куќата на дедо му. “
Симеонова додава уште дека го познава и е изненадена од фактот дека британецот бил баран за тероризам, бидејќи изгледал нормално. Претходно по непотврдени информации беше соопштено дека Бодил бил уапсен во близина на фармата на пратеничката Симеонова.

Пратеникот Маноил Манев од ГЕРБ побара сослушување на претседателот на ДАНС и на министерот за внатрешни работи Иван Демерџиев за да одговорат на неколку важни прашања:
Како човек баран со црвена потерница од Интерпол влегол на територијата на Бугарија и како истиот човек добил помош од пратеник од бугарскиот Парламент?

Атанас Атанасов од пратеничката група на Демократска Бугарија од чии редови доаѓа и пратеничката Симеонова изјави дека тие ќе го поддржат предлогот на Манев за сослушување на службениот министер Демерџиев и претседателот на ДАНС за да може да се разјасни целата ситуација.

Read Previous

Стоилковски: Ковачевски и СДС да одговорат каква агенда и план се договорени на тиранската средба (ВИДЕО)

Read Next

Светска банка ги намали проекциите за раст на македонската економија