септември 21, 2024

Јапонија: Туна продадена за 257.000 евра

Туна тешка 212 килограми е продадена за 36 милиони јени (257.000 евра) на новогодишна аукција во Токио. На наддавањето, рибата достигна двојно повисока цена од минатата година.

Ова укажува на тренд на закрепнување на пазарот по три години пад на цените поради пандемијата.

Инаку, рекордот за тоа на пазарот во Токио е 2,7 милиони евра за туна тешка 278 килограми. Јапонскиот бизнисмен Кијоши Кимура, познат како „кралот на туната“, платил толку во 2019 година.

Read Previous

Цените на гасот во Европа паднаа за седум отсто

Read Next

EСМ: Блок 1 на РЕК Битола попладнево ставен во функција