септември 21, 2024

EСМ: Блок 1 на РЕК Битола попладнево ставен во функција

Блок 1 на РЕК Битола попладнево околу 15 часот е ставен во функција. Постројката произведува електрична енергија и е синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем, информира АД ЕСМ.

-Благодарание на стручноста и aнгажманот на вработените во Термоелектраната, за нецели 24 часа санираните се пукнатите цевки заради кои блокот вчера утрото мораше да биде исклучен. РЕК Битола во моментов работи со два блока. На Блок 3 во тек се завршните зафати за монтажа на новиот трансформатор, по што и оваа постројка ќе биде ставена во функција, посочуваат од ЕСМ.

Read Previous

Јапонија: Туна продадена за 257.000 евра

Read Next

Јан Зомер е замената на Нојер на голот на Бајерн Минхен