мај 18, 2024

Цените на гасот во Европа паднаа за седум отсто

Цените на гасот во Европа од денеска пониски за седум отсто односно цената за 1.000 метри кубни денеска се движи од 730 – 750 евра, објави лондонската берза. На 19 декември земјите од Европската унија се договорија за максимална цена на гасот од 180 евра за мегават час или околу 2.000 долари за илјада кубни метри по сегашниот курс, а оваа мерка ќе стапи на сила на 15 февруари, со цел да се заштити населението и стопанството од поскапување на гасот.

Високата цена на енергијата во Европа, според западните медиуми, предизвикала најголема инфлација во последните неколку децении.

Кај нас пак државната ЕСМ склучи договор со бугарската компанија Балкан Јутилитис за набавка на овој енергенс по фиксна цена. Со ваквата понуда државата ќе плаќа повеќе за набавка на гас бидејќи фиксната цена се прифаќа кога гасот на берзите поевтинува. Понудата на Макпетрол беше со променлива цена која ќе зависи од движењето на цената на гасот на берзите.

Read Previous

Лажни дојави за бомби на скопскиот аеродром и Уставен суд

Read Next

Јапонија: Туна продадена за 257.000 евра