ноември 23, 2024

Лажни дојави за бомби на скопскиот аеродром и Уставен суд

Меѓународниот Аеродром Скопје денеска доби закана преку електронска пошта за поставена експлозивна направа. Како што информираат од ТАВ Македонија, вендаш случајот го пријавиле во Министерството за внатрешни работи. Единици на МВР излегле на терен, но утврдено било дека пријавата била лажна. Лажна дојава за бомба имало и во Уставниот суд.

Дојавите за бомби во земјава, од кои најголем дел во училишта во главниот град, почнаа да стигнуваат од 26 октомври. На мета во изминатиот период беа повеќе јавни и приватни објекти меѓу кои и згради за домување, трговски центри, но и стратешки места како Транспортниот центар.

Read Previous

Вучиќ: Ова е мојот последен мандат

Read Next

Цените на гасот во Европа паднаа за седум отсто