Општина Аеродром преку писмено соопштение се огласи по објавата на веста за поставена ограда на кејот на Вардар. Реакцијата ви ја пренесуваме во целост.
-Во однос на вашата објава поврзана со оградата поставена на кејот на реката Вардар во општина Аеродром, Ве информираме дека од страна на општина Аеродром, согласно нашите законски надлежности, наложено е на приватната компанија која е сопственик на парцелата да го обезбеди просторот во точно определен рок, утврден од страна на општината.
Воедно, потенцираме дека оградата која е наведена во вашата објава е поставена од страна на службите на Град Скопје без претходна консултација со службите на општина Аеродром. Општината Аеродром останува на ставот дека неопходно е надлежните институции соодветно да го обезбедат просторот, но со решение кое ќе биде соодветно за оваа локација и нема да го попречува нормалното движење на граѓаните.