ноември 24, 2024

Мијалков спроведен во суд, новинарот го праша: Како успеавте да го надмудрите целиот судски систем?! (ВИДЕО)

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков утрово се појави во суд на рочиштето за Титаник 2, кој исто како и „Таргет-тврдина“ почна од почеток. Новинарот на А1он.мк Кристијан Ландов, при влезот на Мијалков во суд го праша дали е вистина дека доаѓа од хотелот Мериот, а не од затворот во Струга, каде што треба да е сместен и како успеал да го надмудри целиот судски систем. Се разбира, ниту на едно од овие прашања Мијалков не даде одговор.

Случајот „Титаник 2“ се актуализира во јавноста откако на рочиште закажано за 22 декември тој не беше спроведен од струшкиот затвор.

За ова дело во април 2023 година ќе настапи застарување. Судењето сега е во доказна постапка, останува да се испитаат уште неколку сведоци, меѓутоа и во случај да се донесе првостепена пресуда во Кривичен, прашање е колку Апелација ќе успее да донесе одлука по евентуалните жалби ако се земе предвид долготрајноста на постапките пред второстепениот суд.

Read Previous

Поставена е бомба во школото, ќе пукне многу врзо, ќе има жртви! Нови дојави за бомби, ова е пораката која пристигнала во школо во Тетово

Read Next

Битиќи: Да ги кажеме со име и презиме оние кои ни го рушат колективното добро