Утрово повторно дојави за поставени бомби во неколку училишта. Според, засега непотврдени информации од МВР, дојави преку електронска пошта пристигнале во училишта во Тетово, Битола и Скопје.
На една од пораките во едно школо во Тетово пишува:
-Бомба е поставена во школото. Ќе пукне многу брзо, ќе има жртви. Не ме прашувајте ништо, ги избришав сите докази, ништо нема да признаам, ова е поздрав од мене, хохо…
Веќе три месеци училиштата низ Македонија се мета на лажни дојави за бомби. Освен во училишта имаше во зградата на МНР, но и трговски центри, а пред неколку денови и на меѓународниот аеродром во Петровец. За среќа сите овие дојави се покажаа како лажни дојави за бомби.
Пред неколку дена беше поднесена кривична пријава за малолетник, кој испраќал лажни дојави за бомби во училишта во Кавадарци.