ноември 23, 2024

Турција депортирала речиси 120.000 илегални мигранти во 2022 година

Турција оваа година депортирала 119.817 илегални мигранти, бидејќи нејзините напори за борба против илегалната миграција продолжуваат со несмалено темпо .

Тоа е најголемиот број на депортации во историјата на Турција, се вели во соопштението на Канцеларијата за управување со миграцијата на турското Министерство за внатрешни работи.

Бројот на депортирани е зголемен за 159 отсто во однос на истиот период во 2021 година. Бројот на илегални мигранти депортирани од 2016 година достигна 445.326.

На повеќе од 2,7 милиони илегални мигранти им е одбиен влез во Турција од 2016 година, а овогодинешната бројка изнесува 274.311.

Read Previous

Ангеловска-Бежоска: Девизниот пазар е стабилен, монетарната политика ќе зависи од инфлацијата

Read Next

На Божиќ, сирени за воздушни напади низ Украина, Зеленски испрати моќна порака