Буџетот на Министерството за образование за 2023 година не планира изградба на основно училиште во Идризово. Од ресорот се правдаат дека општина Гази Баба нема поднесено барање и проект за изградба. Алсат упати прашања до Гази Баба, но одговор не добивме. Отидовме во Идризово. За време на нашиот престој се сретнавме со ученици кои се враќаа од ОУ „Његош“ во Јурумлери. До петто одделение во ова училиште имаат право да учат на мајчин јазик. Потоа од шестто до деветто учат на македонски затоа што нема паралелки на албански.
“Ако не го изградат, ќе ги отпишам од училиште, ќе знам дека ми се дома, не можам да ги носам двете мали деца секој ден бидејќи неме превоз. Немам есап секој ден да патувам, да ги носам децата”, изјави една жителка на селото.
Родителите и учениците од село Идризово повеќе од една деценија бараат настава по албански јазик од шесто до деветто одделение, во основното училиште „Његош“ во Јурумлери. Општина Гази Баба во 2019 година го одби барањето за отворање албански паралелки во ова училиште и решија да се изгради ново во Идризово каде би учеле сите деца од селото.