– Претседателот на Големото национално собрание на Туркије Мустафа Шентоп присуствуваше на главната програма и концерт што се одржа во Скопје по повод „21 Декември – Денот на наставата на турски јазик“
Претседателот на Големото национално собрание на Туркије Мустафа Шентоп присуствуваше на главната програма и концерт што се одржа во Скопје по повод „21 Декември – Денот на наставата на турски јазик“, известува Агенција Анадолија (АА).
Сојузот на турски невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ) и Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) ја организираа главната програма по повод прославата на Денот на наставата на турски јазик на која присуствуваа претседателот на турскиот парламент Мустафа Шентоп и придружната делегација, премиерот на Собранието на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, министри и пратеници на Северна Македонија, амбасадорот на Туркије во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, претседателот на ТИКА, Серкан Кајалар, претседателот на МАТУСИТЕБ, Тахсин Ибрахим претставници на турските институции и организации во земјата, политичарите и околу 10.000 гости.
Шентоп на присатните им ги пренесе најсрдечните поздарави и честитки на претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган по подов 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик.
Заблагодарувајќи им се на МАТУСИТЕБ, ТИКА и на сите оние кои придонесоа за успешна организација на прославата на „21 Декември – Денот на наставата на турски јазик“, што се слави од 2007 година, Шентоп истакна:
„Би сакал да му се заблагодарам на премиерот на Северна Македонија, мојот драг пријател Димитар Ковачевски, за неговото учество во овој значаен ден на турската заедница. Тој отсекогаш вложувал големи напори мултикултурното и повеќејазичното општество да живее во мир и стабилност. И ние како претставници на Република Туркије, од 2007 година се обидуваме да учествуваме на овие програми организирани од МАТУСИТЕБ. Вашата радост е наша радост, вашиот ентузијазам е наш ентузијазам.”
Истакнувајќи дека не дошол сам и дека во Северна Македонија пристигнал со пријатели, пратеници од различни турски политички партии, Шентоп рече: „Кога имате пријателска и братска земја како Северна Македонија, кога имате ваши сонародници кои живеат таму, наши браќа Турци, сите политички партии во Туркије ги оставија настрана своите разлики во мислењата, се обединивме и дојдовме тука за да ви ги пренесеме поздравите и наклонетоста на 85 милиони“.
„Знаеме дека тие што немаат јазик, нема да имаат ниту нација. За нас турскиот не е само јазик. Тоа е израз на гледање, чувство, размислување, преземање акција, живеење и заземање став. Турскиот, нашиот убав јазик, е тапијата на тоа што сме нација. Истите соништа ги твотриме со нашиот турски јазик. Нашиот турски јазик ја кажува важноста да се живее во мир и единство. Нашиот јазик е она што нѐ зближува, што нѐ носи во иста радост. Нашиот мајчин јазик е турскиот, кој нè учи на сочувство и љубов, нè тера да живееме и ги тера нашите срца да се свртат во ист правец“.
Од тој аспект Шентоп истакна дека употребата на турскиот јазик како јазик во образованието во Северна Македонија го смета за исклучително значајно и додаде дека со благодарност ги следи своите браќа во Северна Македонија во нивните напори да го одржат турскиот јазик во живот.
Шентоп го изрази своето задоволство што гледа дека ТИКА, Институтот „Јунус Емре“ и МАТУСИТЕБ спроведуваат многу добри и успешни активности и додаде:
„Би сакал да ѝ честитам на државата Северна Македонија што даде многу добар и исклучителен пример, на различни нации да им обезбеди образование на мајчин јазик. Им честитам на политичарите, административците и функционерите на Северна Македонија. Би сакал да нагласам дека толерантниот пристап на Северна Македонија за заштита на своето културно богатство е став за пример. Овој став е прашање што ја зајакнува Македонија политички. Верувам дека социјалното мирно опкружување во Северна Македонија секогаш ќе продолжи. И Турците ќе продолжат да им служат на овие територии до вечноста.“
Во рамките на програмата беа доделени награди на учениците кои учествуваа на Напревар во цртеж на тема „Турскиот јазик низ очите на децата“, Натпревар за поезија на тема „Јазикот ние Турски“ и „Конкурс за турски композиции на Балканот“.
По обраќањето на говорниците, на сцената се појави турската музичка ѕвезда Бурај со своите популарни песни.
извор: AA