ноември 22, 2024

За секој патник од Скопје 7 евра, а од Охрид 4,5 евра, објавен повик за субвенции за нови авиолинии

Сите авиокомпании коишто ги исполнуваат условите може да се пријават на јавниот повик за финансиска поддршка на нови авиолинии што денеска го објави Министерството за транспорт и врски.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски изјави дека за оваа намена се предвидени 1,1 милион евра, а целта како што вели, е раст на авиосообраќајот во земјава.

„Овој јавен повик е различен од претходните и на него може да се изберат повеќе авиокомпании со коишто ќе се склучи договор. Истиот е во согласност со политиките на фер и конкурентни услови, согласно регулативата на Европската Унија. Од исклучителна важност е да привлечеме нови компании и да го подигнеме нивото на превезени патници,“ рече министерот Бочварски.

Износот на субвенциите ќе биде 7 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром Скопје и 4, 5 евра во денараска противвредност по патник во заминување превезен од Охридскиот аеродром.

Read Previous

Претседателот Пендаровски во посета на Сарај во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“

Read Next

 Претседателот на турскиот Парламент, Шентоп, оствари средба со Џаферисо Џафери