Претседателот Стево Пендаровски денеска, во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“ ја посети општина Сарај.
Претседателот Пендаровски ја посети компанијата „ТиАмо“, што се занимава со преработка и производство на месни производи. На средбата со менаџментот претседателот Пендаровски беше запознаен со тековната работа на компанијата, плановите за натамошни инвестиции и проширување на производството, како и плановите за проширување на пласманот на производите во земјите од регионот.
Во рамки на посетата на Сарај, претседателот Пендаровски го посети Културно-уметничко друштво „Шќипоња”. Пред претседателот Пендаровски претставниците на друштвото ги претставија своите активности, насочени кон одржување на интересот кај младите генерации за народното, уметничкото и фолклорното творештво. Претседателот Пендаровски упати честитки за освоените бројни признанија на друштвото и им посака натамошни успеси.