ноември 23, 2024

Мицкоски: Патриоти во затвор, криминалците во коалиција со Власта на слобода, во Македонија има партизирано судство и обвинителство

Во Македонија има октроирано и заработено обвинителство и судство од страна на оваа власт, комплетно партизирано и затоа криминалците и нарко бандите се на слобода, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Свети Николе, одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на Ковачевски дека судството и обвинителството сами можеле да се изборат за праведност.

Мицкоски потенцираше дека тоа октроирано и партизирано судство и обвинителство може да се види и по тоа што од партиски штабови се поставуваат претседатели на Судски совет, Академија за судии и обвинители.

– Од друга страна имате коалиција која ја формираат криминалците и владата. Кога имате една таква силна коалиција на владата и криминалците, логично е дека никој од тие криминалци нема да одговара бидејќи власта преку октроираните и партизирани судии и обвинители прави притисок да не бидат обвинети и судени, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека додека има затворени чесни луѓе и патриоти судени за 27 април надвор од принципите на здравата логика, во исто време на слобода има криминалци затоа што се во коалиција со власта.

– Патриоти судени за 27 април, нешто што е надвор од принципите и здравата логика за нешто што не го сториле да седат со години во затвор, а од друга страна имате докажани криминалци, нарко банди кои се шетаат слободно само поради таа непринципиелна коалиција која ја има владата со криминалот и притисокот кој го врши на октроираните обвинители и судии. Тоа е Македонија денеска под чизмата на овој хибриден режим кој го водат ДУИ и СДСМ.

Read Previous

Анкета на ИРИ: 73 отсто од граѓаните сакаат во ЕУ 

Read Next

Уставната положба на заедниците во Република Северна Македонија – посебен осврт на положбата на Турската заедница