На денешната седница судскиот совет ќе расправа за укинатата пресуда за случајот „Таргет Тврдина“ за масовното прислување во која е осуден поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков.
На изненадување на многумина, во петокот Апелација ја укина пресудата за затворската казна на Сашо Мијалков и останатите осудени, и го врати педметот од почеток.
Ваквиот потег следува по жестоките реакции во јавноста, а претседателката на Судскиот совет Весна Дамева викендов во писмена изјава до медиумите најави дека денеска во рамки на нејзините овластувања веднаш ќе преземе дејствија.
– Укажувам дека Судскиот совет нема надлежност да преиспитува, односно да оценува судска одлука, но има надлежност да ја констатира состојбата за текот на постапката во смисла на ажурно постапување и дали одлуката била донесена од страна на судија на кој му престанал мандатот поради исполнување на услови за старосна пензија,изјави Дамева.
Реакции за укинувањето на пресудата имаше и од премиерот Димитар Ковачевски, претседателот Стево Пендаровски, како и од поранешниот премиер Зоран Заев.