ноември 22, 2024

Српската влада поднесе барање до КФОР за враќање на српската војска на Косово

Претставниците на Владата на Србија денеска поднесоа барање до КФОР за враќање на до илјада припадници на српските безбедносни сили на Косово и Метохија, во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Како што јави Радио-телевизија на Србија, барањето е поднесено на управниот премин Мердаре. Владата на Србија вчера вечер одлучи да побара од КФОР да овозможи враќање на илјада припадници на безбедносните сили на Косово, а одлуката била донесена едногласно.

Read Previous

Најмногу голови во историјата на Светските првенства се постигнати во Катар

Read Next

Седница на судскиот совет, ќе се расправа за укинатата пресуда за „Таргет Тврдина“