декември 3, 2024

Реџепи: Почнуваме со проектот за реконструкција на локалниот пат од почетокот на селото до Ликовското езеро

Заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи денеска беше на работна средба во општина Ликово на која заедно со првиот вицепремиер Артан Груби и градоначалникот на општината Еркан Арифи присуствуваа на почеток на работите за рехабилитација и реконструкција на локалниот пат П2133 односно од почетокот на селото до Ликовското езеро.

Министерството за транспорт и врски и централната власт продолжуваат да инвестираат значителни средства во локалната самоуправа, нудиме поддршка на сите општини за реализација на крупни инфраструктурни проекти кои директно го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните.

Денеска сме присутни во општина Липково за да посветиме посебно внимание на проектот за рехабилитација и реконструкција на локалниот пат П2133 до мостот на Ликовското езеро. Според проектот, вкупната должина на патеката е 3,5 километри. За овој проект инвестираме средства во вредност од 54 милиони денари и времетраењето на реконструкцијата е 11 месеци. Преку директни грантови за општините за реконструкција на локални патишта, овозможуваме подобри услови за живот на граѓаните, урбан развој и пред се локален економски развој на општините.
Во рамки на проектот на Светска банка за реконструкција на локални патишта, се реконструирани или се во фаза на реконструкција над 120 патишта и сокаци во повеќе од 60 општини низ државата, рече во своето излагање заменик министерот Реџепи.

Тој додаде дека во општина Липково е завршен проектот за изградба на пречистителна станица за вода за пиење за Липково и резервоар за н.м. Липково со довод до постоечката водоснабдителна мрежа, проектот е во вредност од 1,2 милиони евра, во кои општината учествува со 173 илјади евра, исто така на посебна сметка се префрлени средства во вредност од 65 илјади евра за изградба на водоводот во општина Ликова.

Ги уверувам граѓаните дека поддршката за локалната власт нема да застане тука. Министерството за транспорт и врски и во наредниот период ќе продолжи да биде активен партнер на локалната самоуправа.
Нашата заложба за подобрување на квалитетот на животот во секоја општина е видлива на терен и се потврдува со многуте проекти што досега ги реализиравме и оние на кои работиме во моментов низ целата држава, го заврши своето излагање заменик министерот Реџепи.

Градоначалникот на општина Липково Еркан Арифи, додаде дека реконструкцијата на овој пат е долгогодишно барање на жителите, што ќе влијае и на растот на планинскиот туризам и ќе помогне во економскиот раст.

Read Previous

Недела на шпански филм во Охрид

Read Next

Реакција на Грковска за укинувањето на пресудата за Таргет-Тврдина: Поради неажурност на судиите можно е застарување на делото