Националниот парк „Шар Планина“, во соработка со Македонското еколошко друштво, го спроведе првото организирано пребројување на дивокозите во строго заштитената зона Лешница.
Истражувањето било спроведено во три долини, каде што биле забележани здрави стада со единки од различна возраст и пол, вклучително и подмладок, што претставува охрабрувачки показател за состојбата на популацијата.
Резултатите се совпаѓаат со податоците од редовните контроли на ренџерската служба и поставените фотозамки, кои потврдиле и присуство на предатори во планинскиот екосистем.
Собраните информации ќе се користат и за мониторинг на балканскиот рис. Од Националниот парк најавуваат дека, доколку дозволат временските услови, пребројувањето ќе продолжи и во други делови на Шар Планина.


