Изложбата „Пикасо можеби јас“ од македонскиот уметник Филип Фидановски ќе биде отворена на 20 декември со почеток во 18:00 часот во изложбениот салон на Cентарот за култура „Григор Прличев“. Истата се организира по повод 140 годишнината од раѓањето на познатиот светски уметник Пабло Пикасо, информираат од Општина Охрид.
Истата вечер, додаваат во соопштението, со почеток во 19:00 часот во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе започне „Недела на шпански филм“ која ќе трае до 22-ри декември.
Планирано е да бидат прикажани три филмови од шпанска продукција, филмот „Шампиони“ од режисерот Хавиер Фезер во вторник на 20-ти декември, филмот „Тајната во нивните очи“ од режисерот Хуан Хозе Кампанела во среда и „Лесно е да се живее со очи затворени“ од режисерот Давид Труеба во четврток, на 22-ри декември 2022 година, додаваат.
Проекциите ќе започуваат во 19:00 часот, а влезот за сите посетители е бесплатен.