Попладнево во мултимедијалниот центар „Мала станица“ се одржа официјално претставување на уметничката група „XXL“ од Софија.
Националната галерија на Република Северна Македонија заедно со Културно информативниот центар на Република Бугарија во Скопје ја претстави изложбата на бугарската уметничка група „XXL“.
На изложбата главно е истакнато актуелното творештво на групата, а покрај основачите на уметничката група XXL: Свилен Стефанов, Генади Гатев, Хубен Черкелов, Иван Ќуранов, Косјо Минчев, Расим, Георги Тушев, Петко Дурмана и Слави Славов, се претставени и автори вклучени во нивните активности низ годините – Росен Тошев, Димитар Јаранов, Георги Ружев, Борис Сергинов, Красимир Добрев, Дејвид Д’Агостино.
Директорката на „КИЦ“ во Скопје, Антонија Велева рече дека изложбата е повеќе обид да се разбере подоцна промената, што оваа група ја предизвика во современата бугарска уметност, што ја нагласува сегашната работа на групата.
Проектот е поддржан од Министерството за култура. Реализацијата на изложбата доби несебична поддршка и од Државниот институт за култура при Министерството за надворешни работи на Република Бугарија и Културно информативниот центар на Република Бугарија во Скопје.