ноември 22, 2024

Бугарското Собрание не го избра Грабовски за премиер, против гласале 125 пратеници

Бугарскиот парламент денеска ја отфрли номинацијата на Николај Габровски за премиер откако „за“ гласаа 113 пратеници, а „против“ беа 125.

Габровски беше предложен од ГЕРБ на Бојко Борисов да предводи т.н. експертска влада, но за него гласаа само пратениците на ГЕРБ и ДПС и Бугарски подем. Според процедурите на бугарскиот парламент, ако кандидатот за премиер не помине на гласањето, не се гласа ниту за министрите.

Според бугарскиот устав, сега претседателот Румен Радев треба да го даде мандатот за состав на влада на втората по големина партија во бугарскиот парламент, а тоа е Продолжуваме со промената.

Последните парламентарни избори во Бугарија се одржаа во октомври. Бугарија ја води техничка влада, предводена од Галаб Донев.

Read Previous

Бектеши: Кажавме дека очекуваме намалување на цените, но тоа е невозможно да биде веднаш!

Read Next

САД бараат од Србија да ги отстрани барикадите, а од Приштина да формира Заедница на српски општини: „Рокот за договор е веднаш“