ноември 23, 2024

Приведено лице во Струмица за шверц на половина тон суров тутун

На 02.12.2022 во 12.00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ф.Ќ.(37) од с.Страхојадица, Општина Зелениково, соопшти МВР.

При преглед во товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, извршен во содејство со државен инспектор од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, биле пронајдени и одземени 25 картонски кутии со суров тутун во лист со вкупна тежина од околу 500 килограми, за кои не поседувал никаква документација.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read Previous

Мицкоски: За само три дена ЕСМ ќе увезе струја за повеќе од 4 милиони евра

Read Next

Марсело Биелса на селекторското место на Уругвај?!