април 26, 2024

Марсело Биелса на селекторското место на Уругвај?!

Три селекторски жртви паднаа веднаш по елиминацијата на националните тимови на Гана, Мексико и. На повидок е смена и во уругвајскиот табор, по испаѓањето во групата Х.

Уругвај имаше разочарувачко Светско првенство и со овој неуспех завршува работата на Диего Алонсо како селектор. Медиумите во оваа земја веќе најавија кој ќе биде неговиот наследник. Марсело Биелса, кој ужива култен статус на сите континентни, е пред промоција за нов предводник на двократниот светски првак.

Официјално за селектор би требало да биде назначен следната година, а негова главна цел ќе биде пласман на Светското првенство во 2026 година. Пред Диего Алонсо, Уругвајците долго време ги водеше Оскар Вашингтон Табарез.

Read Previous

Приведено лице во Струмица за шверц на половина тон суров тутун

Read Next

Возило на итна помош украдено од болницата во Кочани