ноември 23, 2024

Ковачевски до Мицкоски: Дали од странците бараш да дојдеш на власт, а потоа да го смениш Уставот!

Премиерот Димитар Ковачевски од партиска трибина во Куманово го повика лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да одговори дали бара од странски политичари да му помогнат да дојде на власт, а кога тоа ќе се случи ќе го смени Уставот.

„Дали на странските политичари кои доаѓаат во Северна Македонија, вклучително и на домашните политичари, на состаноците кои ги има со нив им вели: Дајте ми власт и ќе го сменам Уставот. Нека одговори, па нека чујат и странците и нашите граѓани“, рече Ковачевски.

Read Previous

Маричиќ: Измени на Уставот до редовните избори – членството во Европската Унија треба да се случи до 2030 година

Read Next

Пендаровски: Со квалитетни реформи да се запрат негативните трендови во областа на владеењето на правото