ноември 23, 2024

Во судир на неколку автобуси во Нигерија загинаа најмалку 37 лица

Најмалку 37 лица загинаа во судир на неколку автобуси во североисточна Нигерија, соопштија властите.

Несреќата се случила во близина на градот Мајдугури кога два автобуса се судриле и се запалиле, а потоа во нив удрил трет автобус, се посочува во соопштението на Агенцијата за безбедност на патиштата во нигериската држава Борно.

„Потврдена е смртта на 37 луѓе, повеќето од нив изгореа до непрепознатливост“, вели во изјавата Утен Боји, претставник на Агенцијата.

Претсавниците на службите сметаат дека причина за несреќата е дупнат пневматик на едниот од автобусите, во комбинација со неприлагодена брзина на движењето.

Сообраќајните несреќи се вообичаени во Нигерија каде состојбата на патиштата се влоши во последните неколку недели по обилните дождови и поплави, најинтензивни последните десет години во земјата.

Претходно денеска во друга несреќа загинаа 17 лица, а 14 се повредени кога нивниот автобус се судрил со камион во близина на главниот град на Нигерија, Абуџа, објавија локалните медиуми.

Read Previous

Пукање во Вирџинија: Напаѓач уби 10 лица во маркет

Read Next

Луѓето кои не ја јадат оваа храна живеат пократко, вели диететичар