ноември 23, 2024

Пукање во Вирџинија: Напаѓач уби 10 лица во маркет

Вооружен маж уби десетмина во супермаркет во Чесапик, во американската сојузна држава Вирџинија, соопшти полицијата.

Човекот најверојатно бил менаџер на продавница, отворил оган, а потоа се самоубил.

Би-Би-Си јавува дека има малку детали, но еден полицаец кажал за повеќе од 10 загинати. Засега не е познат мотивот на нападот.

Нападот се случил во 22:12 часот по локално време. Порпаролот Лео Косински кажа дека веројатно напаѓачот дејствувал сам.

Read Previous

Приведен крадец, по распишана централна потерница

Read Next

Во судир на неколку автобуси во Нигерија загинаа најмалку 37 лица