Судот во Холандија пресуди дека Русија имала контрола над сепаратистите во источна Украина кога авионот на Малезија ерлајнс беше соборен во 2014 година, при што загинаа сите 298 луѓе во него, јавува Си-Ен-Ен. Да потсетиме, авионот на летот MH17 летал од Амстердам за Куала Лумпур.
Претседавачкиот судија Хендрик Стинхуис ја прочита пресудата на судењето на тројца руски и еден украински сепаратист обвинети за масовно убиство за нивната улога во соборувањето на авионот.
Еден руски државјанин е ослободен
Тој ги прогласи за виновни руските државјани Игор Гиркин и Сергеј Дубински и Украинецот Леонид Харченко. Третиот Русин, Олег Пулатов, беше ослободен. Во 2014 година, сите четворица работеа како дел од сепаратистичка група. Никој од обвинетите не се појави на суд, само Пулатов испрати адвокатски тим и преку нив се изјасни за невин, пишува The Guardian.
Судот, исто така, утврди дека за соборувањето бил користен ракетниот систем Бук од руско производство. Тој ракетен систем бил донесен во селото Первомајск и од него била испукана една ракета, по што е вратен во Русија, заклучи меѓународниот тим истражители.
Гиркин, воениот водач на таканаречената Народна Република Доњецк и Дубински за организирање на транспортот на ракетниот систем Бук. Судот утврди дека Харченко го надгледувал и чувал споменатиот ракетен систем.