Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама, во емисијата „BBC Breakfast“ откри дали ќе се кандидира за иден претседател на САД.
За време на емисијата, Обама беше прашан кое е најдосадното прашање што вообичаено и го поставуваат, на што таа одговори дека е „дали ќе се кандидирам за претседател на САД“. Тогаш водителката Нага Мунчети ја праша дали ќе се кандидира, а Обама решително одговори дека нема.
„Не, нема да се кандидирам“
Многумина сакаа да го видат Обама во улога на претседател, но таа сега ја елиминира секоја можност. „Го презирам тоа прашање, не, нема да се кандидирам“, одговори Обама.
Обама претходно беше прашана што мисли за претседателот Џо Бајден и неговата администрација и дали знае дали претседателот повторно ќе се кандидира, а таа рече дека го поддржува, но не е сигурна дали тој повторно ќе се кандидира. „Бајден врши одлична работа, но не знам дали ќе се кандидира. Тоа е лична одлука што тој и неговото семејство треба да ја донесат“, изјави Обама за ABC News.