ноември 22, 2024

Привремено решен проблемот со парно од топланата Скопје-Север, обезбедени пари за гас за 10 дена

Обезбедени се финансиски средства за набавка на гас за топланата Скопје Север за следните 10 дена, потврди првиот човек на топланата Куштрим Рамадани.

Во изјава за МИА, Рамадани изрази очекување дека во следниот период ќе се најде заедничко прифатливо решение за да се надмине проблемот со парно греење.

– Се надевам дека ќе се најде заедничко прифатливо решение. Бевме на средба во Регулаторната комисија за енергетика каде присуствуваа и претставници од ЕСМ, изјави Рамадани.

Без парно греење останаа домаќинства, училишта, градинки, здравствени установи од Чаир, Бутел и Топанско поле поради тоа што не беше потпишан договорот за деловно техничка соработка меѓу топланата Скопје-Север и АД ЕСМ.

Read Previous

Главните преговарачи на Косово и Србија утре во Брисел ќе бараат решение за најновата криза

Read Next

Стоилковски: 10.000 евра месечно тежат двајца функционери кои ги именувала владата во М-НАВ за да гледаме скандали со контролори на летање