ноември 23, 2024

Стоилковски: 10.000 евра месечно тежат двајца функционери кои ги именувала владата во М-НАВ за да гледаме скандали со контролори на летање

Аферата „Паразити“ е своевиден продолжеток на аферата „Тајни имоти“ во која објавивме 123 тајни имиња на именувани функционери кои не приложуваа анкетни листови до ДКСК, криејќи имот иако за своето учество во разновидни одбори земаат значителна сума на пари од буџетот на граѓаните, а ДКСК не си ја исполнува основната функција, изјави Наум Стоилковски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

– „Паразити“ е слична афера и се однесува на функционери кои ги именува владата. Има акционерски друштва каде има дел или е во сопственост на државата, бидејќи има случаи каде што е помал партнер со странски партнер, а во таква ситуација владата препорачува да бидат избрани нивни функционери. Такви се М-НАВ, како Пошти, Железници, и се именуваат звучни имиња, кои висат по медиумите, бранејќи ги ставовите на власта во поразителните политики, потенцираше Стоилковски.

Стоилковски посочи дека прво од таквите имиња објавено во оваа афера е Фахрудин Хамиди кој владата го препорачала на М-НАВ, а тој е претседател на управниот одбор и извршен директор во СВН во М-НАВ.

– Надоместокот кој тој зема во однос како плата е 345.000 денари, секој месец по основ на плата или тоа се 5.610 евра. Тоа е над 19 минимални плати по 18.000 денари со кои се фали владата. Или гледано со августовска плата 11 просечни плати во Македонија и не заборавајте дека овие 345.000 се тие кои го качуваат просекот за просечната плата. Ако сакаме уште еден пример, за еден месец Хамиди зема колку цела една фирма 10 вработени со просечна плата или со 19 вработени на минималец, истакна Стоилковски.

Тој додаде дека второто име од аферата е Владо Крстевски, неговата плата е 266.000 денари, и ако направиме иста математика 4.325 евра, 15 минимални плати или 8,5 просечни плати или колку уште една фирма од оние мали и средни претпријатија кои едвај врзуваат крај со крај последниве 3-4 години.

– Двајцата месечно тежат околу 10.000 евра, за да ги слушаме скандалите во М-НАВ како треба да биде направен изборот со нови контролори на летање. Ова е скандал како што во една нормална држава, луѓе поставени од владата и управуваат. Не треба да падне само директорот, туку и министерот за транспорт и врски, и оној што предложил во најмала рака. Именувале лица кои се препознаени по огромен скандал, нагласи Стоилковски.

Read Previous

Привремено решен проблемот со парно од топланата Скопје-Север, обезбедени пари за гас за 10 дена

Read Next

Бектеши: Од 1 јануари нема да поскапи струјата, ТЕЦ Неготино ќе работи кога тоа ќе биде исплатливо